Дома Актуелно Брестовац: Шведска беше подобра, очекувам подобра игра против Египет

Брестовац: Шведска беше подобра, очекувам подобра игра против Египет

brestovac

Репрезентацијата на Македонија вчера беше во целост надиграна од репрезентацијата на Шведска во првиот натпревар на Светското првенство.

Избраниците на Данило Брестовац се држеа само 20-тина минути, а потоа Шведска започна да ја прави разликата која на крајот изнесуваше и +12 (20:32). Брестовац верува во подобро издание против Египет утре.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Шведска беше подобра во текот на целиот натпревар, посебно во ситуациите, „еден на еден“, ја заслужија победата и можам само да им честитам. Се надевам дека ќе се сретнеме повторно во понатомошниот дел од турнирот. Организациски за нас нема проблеми, мерките се во ред. Против Египет очекувам едно подобро издание“, изјави Брестовац.

Натпреварот против домаќинот го игра утре во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …