Братот на ѕвездата на Тотенхем, Серж Орие утринава бил смртно застрелан со пиштол пред ноќен клуб во Тулуз, пренесуваат тамошните медиуми.
Убиецот е се уште во бегство, според странските медиуми започната е истрагата за причините за ова убиство.
Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓
Француската полиција потврди дека имало убиство пред ноќен клуб во Тулуз околу 5 часот утрово, јавува „Европа 1“.
Кристофер бил ранет во стомакот. Кога пристигнала брза помош, му била укажана прва помош, а тој починал неколку часа подоцна во болницата.
26-годишниот Кристофер исто така бил фудбалер и настапувал во петтата француска дивизија за клубот Тулуз Родео.