Дома Трансфер зона Братот на Паоло Дибала со оваа изјава крена огромна „прашина“!

Братот на Паоло Дибала со оваа изјава крена огромна „прашина“!

Што се случува со Паоло Дибала?

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Паоло Дибала е нездоволен од својата минутажа во последните неколку натпревари и го изгуби местото во тимот, многумина сметаат дека Бернардески треба да игра пред него бидејќи Аргентинецот не трча доволно, како што објасни Алегри.

Во Јувентус беа бесни бидејќи неговиот брат кој е и негов менаџер преговарал со други клубови. Наводно го понудил Аргентинецот на Барселона и ПСЖ, а во Торино веднаш ги прекинале преговорите за продолжување на соработката.

Братот на Дибала бил прдупреден да не преговара со друго клубови, но доколку продолжи треба да се очекува заминување на аргентинскиот напаѓач.

Алегри вечерва за натпреварот против Џенова во рамките од италијанскиот куп ќе смета на него, но прашање е дали ќе биде на располагање за натпреварот против Рома во сабота.

„Кориере Дело Спорт“ денес пренесува интересна изјава на братот на Дибала.

„Не, јас не сум во Торино и немам ништо повеќе што да ви кажам“, изјави за „Кориере Дело Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…