Дома Останати Кошарка Бразил перфектен, Чешка ја шокира Турција (видео)

Бразил перфектен, Чешка ја шокира Турција (видео)

Кошаркарската репрезентација на Бразил ја запиша третата победа за 100% учинок, победувајќи на Црна Гора со 84:73. Репрезентацијата на Чешка ја шокира Турција (91:76).

Избраниците на Александар Петровиќ беа надмоќни над Црна Гора, која Мундијалот ќе го заврши без ниту една победа.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Во Нанџинг утрово одлично издание кај „кариоките“ имаше Хуертас кој заврши со 16 поени, а го следеа и Фелисио со 14 и Соуса со 13 поени. Кај Црна Гора со 16 поени Нидхам беше најефикасен.

Репрезентацијата на Чешка ја победи Турција и обезбеди пласман во следниот круг, додека Турците не успеаа да се пласираат меѓу шеснаесетте најдобри репрезентации на Мундобаскетот.

Чесите со 91:76 славеа голема победа на „крилјата“ на Хрубан со 18 поени, а на спротивната страна недоволен беше учинокот на Чеди Осман (24 поени) да се спречи поразот.

https://youtu.be/tf6ftbPTyJU
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Светската шаховска федерација за прв пат сертифицираше училиште од Македонија со златен амблем

ПСУ „Јахја Кемал” и наставникот по шах Орце Данчевски се добитници на највисокото глобално…