Бразилската легенда Зико важи за еден од најголемите фудбалери во историјата, а интересно е што тој се уште си ја вози Тојотата која ја доби на Интерконтиненталниот куп во 1981 година.
Во таа 1981 година Зико како предводник на Фламенго ја освои Светската титула во Токио со триумф од 3:0. Тојота како спонзор во тоа време на организаторот му доделил најнов модел Тојота Селика. Во тоа време автомобилот вредел 10.000 евра, додека денес сигурно најмалку десетина пати помалку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зико не се откажува од неговиот убав спомен и покрај големиот број понуди да ја продаде неговата Тојота се уште го служи.
„Многу понуди добив да ја продадам мојата Тојота. Многу колекционери се заинтересирани, нудат големи пари, но мене не ми паѓа на памет такво нешто. За мене тој автомобил е нешто многу повеќе пари, тој е потсетик на едни прекрасни сеќавања затоа што за Фламенго тоа беше најважниот трофеј. Автомобилот работи сосема нормално, се возам низ Рио со него, додека сум жив ќе биде со мене“.
Се потсети дека имал проблеми да го донесе автомобилот во Бразил.
„Во тоа време тешко беше да се донесе Тојота во Бразил. Земјата имаше забрана за увоз, морав да фаќам „врски“ од некои луѓе како министерот за финансии и директорот на централната банка“, се потсети Зико.
Автомобилот кај Зико заврши две години после финалето, во април 1983. Зико тогаш се пресели во Удинезе, па во автомобилот за првпат седна во 1995 година.