Дома Фудбал Останато Браво од бизарна причина одби да настапи за репрезентацијата

Браво од бизарна причина одби да настапи за репрезентацијата

Голманот на Манчестер Сити, Клаудио Браво се повлече од репрезентацијата на Чиле.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот голман на мрежата доби повик од селекторот Реиналдо Руеда за пријателските натрпревари против Шведска и Данска, но повикот беше одбиен од интересна причина. Браво бараше од Фудбалскиот сојуз на местото тренер на голманите да го ангажираат Јулиј Родригез, неговиот поранешен тренер од екипата Коло Коло. Меѓутоа, неговото барање е одбиено, па се повлече од репрезентацијата.

„Се грижам за нешто што ми е многу важно, подготовките и правилната работа. За тоа во Сојузот се свесни“ напиша Браво.

Браво за репрезентацијата на Чиле запиша 119 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…