Дома Топ вести Борусија ја одреди цената на Белингам

Борусија ја одреди цената на Белингам

Џуд Белингам е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а во неговиот договор со Борусија Дортмунд нема ослободителна клаузула.

Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Челзи се силно заинтересирани за неговиот потпис, а Борусија за неговата слобода на лето ќе бара 150 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Споменатите клубови се спремни да платат 100 милиони евра за англискиот талент, но тоа најверојатно нема да биде доволно, бидејќи Белингам има договор со Борусија Дортмунд до 2025 година.

„Тој е идната суперѕвезда. Сигурен сум дека ќе ја напушти Борусија во 2023 година. Ќе се пресели во некој од најголемите светски клубови. Тој е  неверојатен играч“, коментираше новинарот Флоријан Плетенберг за „Скај Германија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…