Дома Трансфер зона Борусија Дортмунд се огласи: Пулишиќ останува најмалку до…

Борусија Дортмунд се огласи: Пулишиќ останува најмалку до…

Борусија Дортмунд нема да го пушти Кристан Пулишиќ барем до крајот на сезоната, потврди спортскиот директор Михаел Цорк.

20-годишниот крилен фудбалер игра фантастично во дресот на „милионерите“ и е трансферна цел на многу европски гиганти, особено на премиерлигашите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Договорот на Пулишиќ истекува во 2020 година и играчот на лето ќе влезе во последната година од договорот, па поради тоа медиумите на Островот пишуваа дека може да направи трансфер во јануари.

Меѓутоа, спортскиот директор Михаел Цорк тврди дека Пулишиќ сигурно останува до крајот на сезоната во Борусија Дортмунд.

„Овие шпекулации ни се многу добро познати. Планираме да го задржиме Пулишиќ најмалку до крајот на сезоната. Се уште имаме потреба од него“, изјави Цорк.

Пулишиќ одбива да стави потпис на нов договор, па готово сигурно ќе ја промени средината на крајот на сезоната, а европските гиганти ќе се „тепаат“ за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…