Борусија Дортмунд сезонава не беше многу конкурентна за титулата во Бундеслигата, но успеаа да стигнат далеку во Лигата на шампионите каде што вечерва ги чека полуфиналето против Пари Сен Жермен.
Иако се во завршница од сезоната, размислуваат и за засилувањата во наредната сезона. Еден од оние кои би можел да пристигне е голгетерот на Штутгарт, Серу Гираси кој беше еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата сезонава.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што пренесуваат германските медиуми Гираси е главната цел на Борусија во летниот преоден рок, а исто така и Гираси наводно бил заинтересиран да ја промени средината.
Але би можел да ја напушти Борусија на лето и тоа е вистинската причина за потрагата по напаѓач, Гираси сезонава докажа дека е некој кој има исклучителен напаѓачки потенцијал и кој може да се натпреварува со најсилните дефанзивци во Германија.
За него зборуваат вкупно 25 голови на 26 натпревари во Бундеслигата.
Арсенал е навистина заинтересиран, како и Манчестер Јунајтед, но далеку се од Дортмунд, кој е во постојан контакт со овој фудбалер, тврдат медиумите во Германија.
Имајќи предвид дека неговиот договор истекува во јуни 2026 година, јасно е дека цената нема да биде под 50 милиони евра.