Дома Македонски спорт Мак ракомет Борко: Казната на Димевски е од страв и немоќ, правно не е издражана

Борко: Казната на Димевски е од страв и немоќ, правно не е издражана

Во овој период во македонската спортска јавност актуелна е „војната“ помеѓу поранешниот репрезентативец и голман на Вардар, Борко Ристовски со МОК.

Ристовски од МОК доби четиригодишна суспензија поради клевети и навреди кон првиот човек на Македонскиот олимписки комитет во ТВ емисија.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Неколку дена по оваа одлука на МОК, Борко на денешната прес-конференција ја кажа својата страна.

„Вeрувам дека од денеска ќе се сврти нов лист во македонскиот спорт. Сите знаевме дека позади еден човек стојат повеќе сомнителни ситуации, јас тоа го кажав директно, би рекол македонски, но сега на оваа прес-конференција ќе го демонстрирам тоа на еден поинаков начин, со докази за криминал што потоа ќе го решат одговорните структури во власта.

Оваа казна се базира на страв и на немоќ, не е правно издржана. Димевски можеби мисли дека со оваа казна ќе ме одврати од намерата да го завршам она што сум го почнал. Човекот кој знае дека има многу индиции за сторен криминал, по едно мое ТВ гостување во кое кажав она што го имав да го кажам, одлучи да се затскрива зад МОК, доведувајќи ја оваа институција во подредена ситуација.

Тој можеше да се реши за тужба за клевета, за таму да докажувам дали сум во право или не, но тој не го стори тоа и се реши за една ваква суспензија. Не сакам да поднесувам жалба бидејќи со тоа би дал правен легитимитет на постапката, тоа е интерна казна која тие можат да си ја даваат на било кого. Тоа е моја интерна борба, за да се тргнат ваквите луѓе од спортот. Мислам дека Даниел Димевски се прецени, треба добро да го знае човекот кого го напаѓа.

Јас го направив тоа, но тој се реши за банална дисциплинска казна, можеби мислеше дека ќе ме замолчи, но само ми даде сила да излезам со сите документи. Не знам со кого Димевски си имал работа досега, но јас се познавам себе и нема да се откажам од намерата него да го нема повеќе во македонскиот спорт“, изјави Борко.

На прес-конференцијата со Ристовски присуствуваше и адвокатот на Ристовски, Гого Атансијевиќ. Во своето кратко излагање Атанасијевиќ посочи дека казната од МОК не е правно издржана.

„Ретерирањето на претседателот на Дисциплинската Комисија на МОК само ја потврдува специфичната тежина на одлуката за суспензија на Ристовски. Ова е типичен пример на одлука која има единствена цел да го заплаши и да го одврати од намерите за своето постапување, за потоа да биде одвратен од натамошно информирање на јавноста. Ова е исклучително интерна одлука, која не го спречува Борко Ристовски од натамошно бавење со ракомет “.

Исто така Борко најави дека ќе поднесе тужба до спортскиот суд во Лозана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…