Дома Македонски спорт Мак фудбал Борец го победи Вардар, „црвено-црните“ поблиску до втора лига

Борец го победи Вардар, „црвено-црните“ поблиску до втора лига

Битката за опстанок во македонското првенство станува се поинтересна и ситуацијата за Вардар е се полоша после денешните резултати.

Имено, најтрофејниот македонски клуб беше поразен од Борец (2:0), а ривалите на дното запишаа победи.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Борец поведе со голот на Мишов во 15-та минута, а конечните 2:0 ги постави Адили со гол во 81-та минута.

На три кола до крајот Борец сега има 36 бода, Академија Пандев и Силекс се на 35, Ренова има 32 бода, а Вардар 31 бод.

Вардар во следното коло го чека соседско дерби со Работнички, а Силекс игра против Борец, па овие резултати можат да бидат клучни во борбата за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…