Дома Топ вести „Бомба“: ПСЖ му го нуди Нејмар на Јувентус

„Бомба“: ПСЖ му го нуди Нејмар на Јувентус

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Нејмар ова лето би можел да се пресели во Јувентус.

Француските медиуми тврдат дека „светците“ сакаат да се ослободат од Нејмар и го понудиле на неколку европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот спортски директор на тимот од ПСЖ, Луис Кампос, стапил во контакт со раководството на Јувентус и му понудил да го ангажира 30-годишниот фудбалер.

Францускиот клуб сака да го олесни платниот список и да се раздели со некои од своите скапи играчи. Медиумот тврди дека ПСЖ е спремен да го пушти Нејмар на позајмица и да ја плаќа половина од неговата плата.

Бразилецот беше купен за рекордни 222 милиони евра од Барселона во 2017 година, но никогаш не успеа да ги оправда огромните средства кои беа вложени во него.

Минатата сезона Нејмар одигра 22 натпревари за ПСЖ, на кои постигна 13 гола и запиша 6 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…