Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, а иако се најавуваше, Хрватот се уште ја нема продолжено соработката со „кралевите“.
Модриќ иако има 36 години игра уште една фантастична сезона, па има понуди на маса, но негова желба е да ја заврши кариерата во Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новинарот на шпански „АС“ Серхио Сантос неодамна објави дека Модриќ наскоро ќе седне на маса со раководството на Реал, па после тоа ќе биде јасна неговата иднина.
Хрватскиот плејмејкер има на маса две понуди, а едната е од италијанскиот гигант Јувентус кој сака да го донесе на лето без обештетување.
Modric tiene dos ofertas importantes sobre la mesa, ambas de dos temporadas.
— Sergio Santos (@AS_SergioSantos) April 14, 2022
Una es de la Juventus y la otra, de Qatar.