Реал Мадрид не беше многу активен во летниот преоден рок, но раководството веќе размислува да го засили тимот во јануари.
Лопетеги сака да донесе напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Бензема, а шпанските медиуми пренесуваат дека најголема желба е младата ѕвезда на Милан, Патрик Кутроне.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, „Дон Балон“ пренесува Лопетеги е голем симпатизер на Италијанецот и го сака во својот тим, а раководството смета дека би бил идеално засилување затоа што станува збор за еден од најперспективните напаѓачи во Европа.
Кутроне блесна минатата сезона кога постигна 19 гола во сите натпреварувања за Милан и се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа.
Сепак, тешко е да се поверува дека Милан ќе се согласи да го пушти Кутроне бидејќи во него гледа иднина на клубот и неодамна го продолжија договорот со напаѓачот.
#Milan – Dalla Spagna: il #RealMadrid vuole #Cutrone a gennaio! (Don Balon)
— calciomercato.it (@calciomercatoit) September 3, 2018