Дома Топ вести Официјално: Илкај Гундоган потпиша за Барселона!

Официјално: Илкај Гундоган потпиша за Барселона!

Илкај Гундоган денеска и официјално стана нов играч на Барселона, бидејќи каталонскиот клуб потврди дека германскиот интернационалец потпишал двегодишен договор.

Гундоган помина седум години во Манчестер Сити и одлучи дека е време за нов предизвик, а покрај неколкуте интересни понуди, на крајот ја избра Барселона како своја следна дестинација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој играч за врска минатата сезона освои речиси се што можеше со Граѓаните и беше еден од најзаслужните за тројната круна.

Сепак, на крајот реши да не го продолжи договорот со Сити иако му понудија многу подобри услови отколку што имаше. Тој реши да замине во Барселона, а Каталонците утрово и официјално потврдија дека добиле големо засилување.

Барселона го официјализираше доаѓањето на Гундоган, кој потпиша двегодишен договор со каталонскиот клуб со опција за продолжување на соработката на уште една година.

Доаѓањето на Гундоган очигледно е голема работа за Барселона и се очекува Германецот да биде огромно засилување во новата сезона.

Гундоган треба да биде замена за Серхио Бускетс во средниот ред, а на неговото доаѓање особено инсистираше Чави, кој беше свесен за тоа каков играч ќе добие.

Германскиот играч за врска имаше уште неколку интересни понуди, меѓу нив имаше и богата понуда од Саудиска Арабија, но одби и реши да потпише за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…