Шпанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Давид де Геа би можел да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во Барселона.
Де Геа има договор со Манчестер Јунајтед до 2023 година и е најплатен фудбалер во тимот, па „црвените ѓаволи“ би сакале да се ослободат од неговата висока плата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако е Де Геа неприкосновен на голот, сепак Јунајтед верува дека може да му најде адекватна замена и е спремен да слушне понуди ова лето.
Најсилен интерес за него покажува Барселона, а Де Геа нема ништо против да се врати во Шпанија. Чави сака да има голман кој ќе учествува во играта и веќе го контактирал Шпанецот.
Сепак, проблем за Каталонците може да биде високата плата, па Де Геа ќе мора да прифати помала плата ако сака да се пресели на „Камп Ноу“.