Џанлуиџи Донарума минатото лето го напушти Милан и се пресели во ПСЖ, но работите во Париз не се одвиваат како што очекуваше.
Донарума главно е на клупата за резерви, а во последно време ја загуби сигурноста и реди само киксови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Беше посочен како главен виновник за елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампиони, а направи и неколку грешки за настапите за Италија.
„Екип“ пренесува дека Донарума не е среќен во Париз и сака да се врати во Серија А, односно во својот поранешшен клуб Милан.
Голманот преку својот агент ги контактирал раководните луѓе на клубот и потврдил дека сака да се врати во Милано, а тоа нема да биде проблем бидејќи Милан добива арапски сопственици и ќе има големи финансиски ресурси.
Меѓутоа, Милан сега го има Мајк Мањан, кој уште во првата сезона се етаблираше како најдобар голман во Серија А, па тешко дека ќе се согласи да го врати Донарума.
Milan, dalla Francia: i rossoneri pensano al ritorno di Donnarumma?: Avrebbe del clamoroso, ma su L'Equipe si legge che, con le risorse del possibile nuovo fondo proprietario, il Milan potrebbe tornare sul… https://t.co/hdXCLrLrbf pic.twitter.com/1ItDnDkkFY
— sportlive (@sportli26181512) April 17, 2022