Црвена Звезда овој јануари би можела да добие големо засилување.
Имено, желба на српскиот клуб е Квадво Асамоа. Левиот бек од Гана после раскинувањето на договорот со ИНтер во октомври минатата година е слободен агетн.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најдобрите денови од кариерата Асамоа ги помина во Јувентус со кој освои шест Скудета, но како член на „старата дама“ имаше неколку тешки повреди.
Искусниот 32 годишен играч претходно го носеше дресот на Удинезе од 2009 до 2012. Платен на Белизиона беше еден милион евра, а подоцна продаден на Јувентус за 18.
Асамоа се поврзуваше со Сампдорија и Удинезе, меѓутоа се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.
Ќе видиме дали Звезда може да биде примамлива дестинација за него.