Дома Фудбал Англија „Бомба“ од Островот: Чави се враќа на тренерската работа и тоа во – Премиер лигата?!

„Бомба“ од Островот: Чави се враќа на тренерската работа и тоа во – Премиер лигата?!

Според островскиот „Дејли Мејл“, Чави Ернандез е новиот фаворит за клупата на Манчестер Јунајтед.

Екс-стратегот на Барселона наводно веќе ги остварил првите контакти со гигантот од „Олд Трафорд“. Четири лица од раководството на Манчестер Јунајтед отпатувале во Барселона каде што преговарале со Чави, тврдат медиумите на Островот.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Исто така се истакнува дека тоа било и втор контакт во последните неколку месеци. Чави во овој момент е без ангажман, а последниот го имаше во Барселона каде што доби отказ по конфликтот со претседателот Лапорта.

На спротивната страна Манчестер Јунајтед се уште е предводен од Ерик Тен Хаг, меѓутоа на големо се пишува за негов отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кевин Де Брујне се приклучува на новиот шампион на Италија ?

Според италијанските медиуми, Наполи го финализирал договорот и планира да го донесе 33-го…