Дома Трансфер зона „Бомба“ од Островот: Се најавува сензационално враќање на Роналдо!

„Бомба“ од Островот: Се најавува сензационално враќање на Роналдо!

Mногу лесно може да се случи Кристијано Роналдо да го напушти Манчестер Јунајтед после само една година.

Ваквата информација ја објави англиски „Мирор“ кој тврди дека Роналдо нема да биде во плановите на Ерик Тен Хаг кој сака поинаков профил на класичен напаѓач. Статистиката покажува дека Роналдо е најдобриот напаѓач на Јунајтед, постигна 23 голови оваа сезона во сите натпреварувања.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мирор“ тврди дека опција за Роналдо ако заминува е и враќање во Мадрид. Во таборот на Реал наводно враќањето на Португалецот го гледаат како интересно решение откако стана јасно дека Ерлинг Халанд нема да го засили Манчестер Сити. Најавениот трансфер на Килијан Мбапе нема да влијае затоа што се очекува тој да игра како лево крило во формацијата 4-3-3. Карим Бензема останува недопирлив, но ако се земе во предвид дека Реал сигурно ќе ги продаде Лука Јовиќ и Маријано Диаз тогаш Французинот ќе остане единствената „деветка“.

Доколку Роналдо навистина се врати тогаш би морал да се согласи на значително намалување на платата, но и многу помала улога од онаа што ја имаше во првиот мандат во Мадрид од 2009 до 2018 година.

Во овој момент изгледа невозможно Флорентино Перез да прифати вакво нешто, меѓутоа на почетокто изгледаше нереално и дека Роналдо ќе се врати во Јунајтед па тоа се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…