Кристиан Ериксен после долгата пауза поради срцевите проблеми се врати на терените и потпиша договор со Брентфорд до крајот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ериксен покажа дека е во одлична форма, а неговите квалитети никогаш не биле под знак прашалник.
Данецот игра фантастично во Премиер лигата, се врати во данската репрезентација, но неговиот договор со Брентфорд завршува на крајот на сезоната.
Ериксен со настапите го сврте вниманието и последните информации се дека Манчестер Јунајтед сака да го донесе на „Олд Трафорд“.
Тен Хаг одлично го познава, веќе го контактирал и сака да го донесе во својот тим.
Ериксен на лето ќе биде слободен агент, а „црвените ѓаволи“ се спремни да му понидат 2-годишен договор со опција за уште една сезона.