Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Манчестер Јунајтед го сака Ериксен

„Бомба“ од Островот: Манчестер Јунајтед го сака Ериксен

Кристиан Ериксен после долгата пауза поради срцевите проблеми се врати на терените и потпиша договор со Брентфорд до крајот на сезоната.

Ериксен покажа дека е во одлична форма, а неговите квалитети никогаш не биле под знак прашалник.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Данецот игра фантастично во Премиер лигата, се врати во данската репрезентација, но неговиот договор со Брентфорд завршува на крајот на сезоната.

Ериксен со настапите го сврте вниманието и последните информации се дека Манчестер Јунајтед сака да го донесе на „Олд Трафорд“.

Тен Хаг одлично го познава, веќе го контактирал и сака да го донесе во својот тим.

Ериксен на лето ќе биде слободен агент, а „црвените ѓаволи“ се спремни да му понидат 2-годишен договор со опција за уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…