Главна тема во Италија е секако продажбата на Милан страна на богатиот Бахреински фонд „Инвесткорп“.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека продажбата ќе биде комплетирана во следните две недели, а новите сопственици се спремни да издвојат огромен буџет за летни засилувања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Ромелу Лукаку на лето би можел да се пресели во Милан.
„Росонерите“ ќе имаат голема финансиска моќ, а Лукаку не е среќен во Челзи и сака да се врати во Италија. Негов прв избор е Интер, но „нероаѕурите“ немаат финансиски ресурски да го комплетираат трансферот.
Челзи минатото лето за Лукаку плати 115 милиони евра и за неговата слобода бвара 100 милиони евра, сума која наводно Милан е спремен да ја плати.
„Росонерите“ се во потрага по врвен напаѓач бидејќи Ибрахимовиќ најверојатно нема да продолжи по завршување на сезоната.
🗣 @MarcoBellinazzo believes Lukaku joining #ACMilan is possible: "They have the opportunity to do this kind of operation"https://t.co/xGACNVzZav #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) April 21, 2022