Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Јувентус го договори трансферот на Кулушевски

„Бомба“ од Апенините: Јувентус го договори трансферот на Кулушевски

Сите еминентни медиуми во Италија ја потврдија веста – Јувентус го договори трансферот на Дејан Кулушевски.

Фудбалерот со македонски корени оваа сезона ја воодушеви Италија со своите настапи за Парма и многу клубови се бореја за неговиот потпис.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интер веќе подолго време беше во преговори, но Јувентус успеа да ја победи конкуренцијата и да го договори младиот талент.

Кулушевски има 19 години, на почетокот на сезоната од Аталанта пристигна во Парма како позајмен играч и ги воодушеви сите со своите настапи.

Италијанските медиуми потврдија дека Јувентус го договорил трансферот со Аталанта и за неговиот потпис ќе плати 45 милиони евра, а Кулушевски ќе остане во Парма на позајмица до крајот на сезоната.

„Старата дама“ ќе плати 35 милиони евра веднаш, а останатите 10 во форма на бонуси. Играчот ќе потпише 5-годишен договор тежок 2 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…