Дома Трансфер зона БОМБА од Апенините: Интер добива големо засилување во јануари!?

БОМБА од Апенините: Интер добива големо засилување во јануари!?

Интер оваа сезона под водство на Спалети игра одлучно, но раководството на „нероаѕирите“ сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Интер спрема „трансфер бомба“ во јануари. Имено, „нероаѕурите“ повторно ќе тргнат по ѕвездата на Баерн Минхен, Артуро Видал.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Интер во летниот преоден рок понуди 50 милиони евра за Чилеанецот, но тогаш Карло Анчелоти го стипораше трансферот.

Како што пренесуваат италијанските медиуми Интер е во постојан контакт со неговиот менаџер и наводно постигнал комплетен договор со играчот кој е спремен да се врати во Италија уште во јануари.

Видал сака да го напушти Баерн и да ја промени средината, а Интер е спремен да испрати богата понуда за неговиот потпис.

Останува да видиме како ќе реагираат Баварците и дали ќе дозволат да останат без толку важен играч на средина од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…