Дома Топ вести „Бомба“: Обамејанг се враќа во Барселона

„Бомба“: Обамејанг се враќа во Барселона

Пјер Емерик Обамејанг ова лето пристигна во Челзи од Барселона, но набрзо може да направи нов трансфер.

Тој дојде во Челзи по барање на Тухел и не добива голема минутажа кај Потер, па сака во јануари да ја промени средината.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Шпанските медиуми пренесуваат дека Обамејанг стапил во контакт со Чави и сака да се врати во Барселона.

Каталонците се отворени повторно да го доведат на „Камп Ноу“, но неможат да прават трансфери во јануари поради финансискиот фер-плеј.

Раководството на клубот испратило барање до Ла Лига дали ќе му биде дозволен трансфер на Обамејанг доколку се ослободат од Мемфис Депај или Франк Кеси, па така да отворат простор за неговата плата.

Доколку стигне позитивен одговор од Ла Лига многу е веријатно Обамејанг да се врати во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…