Реал Мадрид се вратил во трката за доведување на Нејмар, пишува „Спорт“ во денешното издание.
Со голема фотографија од Нејмар и наслов: „Аларм од Мадрид“ каталонски „Спорт“ објави голема најава за тоа како Флорентино Перез го смислил целиот план да го доведе Бразилецот на „Бернабеу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нејмар наводно ангажирал свои луѓе за да го забрзаат неговото враќање на „Ноу Камп“, но изненадувачка беше изјавата на Бартомеу кој на претставувањето на Де Јонг кажа дека за Нејмар во Барселона не се размислува и дека Дембеле е подобар играч. Шпанците претпоставуваат дека Барселона се откажала поради големите барања кои ги има ПСЖ.
Сето тоа било причина да се „разбуди“ Флорентино Перез и повторно да тргне во „лов“ на Нејмар. Перез го сакаше Нејмар уште во 2013 година кога тој ја избра Барселона. Наводно тогаш се било скоро договорено, меѓутоа Барселона успеала да го „украде“ во последен момент.
? SPORT | While the whole football world is preoccupied with the Neymar rebellion and his absence from Paris Saint-Germain and his pressure to reach FC Barcelona, the Brazilian is far from all this and enjoys Fot Foley's volleyball with his teammates in Brazil. pic.twitter.com/9DmHe4xZp4
— Fg Football (@Fgfootbal) July 10, 2019
Перез во Нејмар гледаа огромен маркетиншки потенцијал и човек кој во тој сегмент идеално би го заменил Кристиано Роналдо. Реал ова лето потроши 300 милиони евра и доведе одлични фудбалери како што се Еден Азар, Лука Јовиќ, Родри и Едер Милитао, но никој од нив не е мега ѕвезда од калибарот на Роналдо или Нејмар.
„Спорт“ тврди дека Перез многу добро знае дека ПСЖ избегнува да соработува со Барселона. Насер Ал Келаифи е лут на Барса од кога Каталонците зад грб му преговараа со Верати, Рабио, Маркињос и Тиаго Силва и трансферот на Нејмар од 222 милиони евра беше еден вид на одмазда. Се шпекулира дка Келаифи сам го понудил Нејмар.
Изгледа дека Перез потајно ќе ја следи ситуацијата и ќе се обидува да го убеди Брзиецот да го избере Реал. На Реал не му е проблем веднаш да ја плати оштетата која ја бараа во ПСЖ, додека Барса може да понуди 100 милиони и некој играч.
ПСЖ сака само пари и не го интересираат зделки во кои се вклучуваат други играчи. Барселона не може затоа што многу веројатно ќе го доведат и Гризман, па би го прекршиле
финансискиот фер-плеј. Реал пак може да си дозволи уште еден таков трансфер кој воедно би бил и голема победа во борба со Барселона.