Дома Трансфер зона „Бомба“ на „Марка“: Перез го договорил најскапиот трансфер во историјата на Реал!?

„Бомба“ на „Марка“: Перез го договорил најскапиот трансфер во историјата на Реал!?

Неодамна Реал Мадрид го потврди трансферот на Килијан Мбапе, меѓутоа веќе пристигнуваат информации дека „кралевите“ го планираат и наредното лето.

Реномираната „Марка“ пренесува дека нов фудбалер на Реал Мадрид наредното лето ќе биде Флоријан Вирц од Баер Леверкузен кој зад себе има фантастична сезона во редовите на новиот германски шампион.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Вирц сепак нема да пристигне летово во Леверкузен, туку тоа треба да се случи наредното лето меѓутоа според информациите веќе договор помеѓу сите три страни, Реал, Леверкузен и Вирц има.

Најавите се дека Леверкузен ќе плати сума од 150 милиони евра и така би станал најплатен во историјата на кралскиот клуб. Рекордот во овој момент го држи Азар со 120.8 милиони евра.

Се шпекулира и дека Вирц во Мадрид би можел заедно со Алонсо, ако Анчелоти одлучи ова да биде негова последна сезона на клупата на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…