Дома Топ вести „Бомба“: Де Геа може да се врати во Манчестер Јунајтед

„Бомба“: Де Геа може да се врати во Манчестер Јунајтед

Давид де Геа ова лето го напушти Манчестер Јунајтед откако му истече договорот, но на големо изненадување се уште е без клуб.

Шпанецот долги години го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ и изгради статус на легенда на „Олд Трафорд“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јунајтед ова лето за 55 милиони евра го доведе Андре Онана како негова замена, но Камерунецот уште на самиот старт има неколку големи киксови.

Поради тоа на Островот се појави вест дека Манчестер Јунајтед сака да го врати Де Геа, кој се уште е без клуб.

Шпанецот е подготвен да се врати во Манчестер Јунајтед, но само под еден услов. Доколку од Тен Хаг добие гаранции дека ќе биде прва опција на голманската позиција, а Андре Онана да се пресели на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…