Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Манчестер Сити Рахим Стерлинг, пренесува „Скај Спорт“.
Шпанскиот гигант внимателно го следи 23-годишниоит крилен напаѓач, но нема немара да испраќа понуда до Сити во последните денови од преодниот рок. „Кралевите“ ќе испратат скаути да го следат на мечот Англија – Шпанија кој ќе се игра на 8-ми септември.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Стерлинг има договор со Сити на уште две години, но последните преговори за продолжување на истиот не поминаа добро. За разлика од него Де Брујн, Фернандињо и Силва ги продолжија договорите, но Англичанецот не ги прифати фанансиската понуда која му ја дадоа „граѓаните“.
Реал внимателно ја следи ситуацијата и во наредните месеци е спремен да стапи во контакт со агентите на Стерлинг, бидејќи играчот следното лето ќе влезе во последната година од договорот.