Дома Топ вести „Бомба“: Влаховиќ се сели во Премиер лигата

„Бомба“: Влаховиќ се сели во Премиер лигата

Душан Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јувентус за 80 милиони евра.

Меѓутоа, српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус и се вклопи во „сивилото“ на тимот. Наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека силен интерес за Влаховиќ покажува Манчестер Јунајтед и сака да го донесе во јануари.

„Црвените ѓаволи“ спремиле понуда од 50 милиони евра плус Марсијал, кој уште во летото беше на радарот на Јувентус.

Останува да се види како ќе реагира „старата дама“ на оваа понуда, иако тешко е да се поверува дека ќе го продаде својот најдобар фудбалер на средина од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…