Дома Фудбал Италија „Бомбата“на Орсолини го шокираше Интер 🎥

„Бомбата“на Орсолини го шокираше Интер 🎥

Фудбалерите на Болоња остварија голема победа во 23-тото коло од Серија А.

На стадионот „Ренато Дал’Aра“ Болоња беше подобра од Интер со 1:0. Така за „нероаѕурите“ заврши низата од четири натпревари без пораз, додека за Болоња ова беше четврта победа во последните пет натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Болоња се израдуваа уште во 12-тата минута кога Муса Бероу постигна гол, но ВАР сигнализираше дека се работи за офсајд и голот беше поништен. Немаа среќа домаќините и кога Роберто Соријано ја погоди пречката.

Сепак, во 76-тата минута мрежата конечно се затресе. Холанѓанецот Шутен одлично го проигра Орсолини кој со лева нога шутираше силно и ја испрати топката под пречката.

До крајот не видовме посериозни шанси и Болоња ја зачува минималната предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…