Дома Трансфер зона Боатенг го напушта Баерн и се сели во Париз

Боатенг го напушта Баерн и се сели во Париз

Жером Боатенг одлучи да го напушти Баерн Минхен и во текот на летниот преоден рок најверојатно ќе се пресели во Пари Сент Жермен.

Боатенг и минатото лето беше на излезна врата од „Алијанец Арена“, а трансферот дефинитивно ќе се случи на крајот на сезоната.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец не е задоволен од односот кој тренерот Нико Ковач го има према него. Во последно време Боатенг го загуби местото во првиот тим, со што дефинитивно донесе одлука за трансфер.

Најсериозен кандидат за неговиот потпис е Пари Сент Жермен кој го сакаше во своите редови и минатото место. „Светците“ бараат засилувања во одбраната и наводно му ветиле сигурно место во првиот тим.

Тренерот Томас Тухел силно го посакува Боатенг во своите редови и наводно веќе имал неколку разговори со кои го убедил да се пресели во Париз.

Германецот минатото лето беше мета на Манчестер Јунатед, но тоагаш ја отфрли можноста да се пресели на „Олд Трафорд“ бидејќи „црвените ѓаволи“ не се во позиција да се борат за трофејот во Лигата на шампиони.

Баварците нема да му стојат на патот и најверојатно ќе му дозволат да замине на крајот на сезоната. Германските медиуми тврдат дека Баерн ќе бара 35 милиони евра, сума која нема да биде проблем за клубот од Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …