Германскиот дефанзивец Жером Боатенг веќе подолго време е на излезна врата од Баерн Минхен, а трансферот конечно би требало да се реализира во јануари.
За Боатенг веќе одамна нема место во првиот тим на Баерн и прашање е на време кога ќе си замине. Се чини дека тој момент ќе дојде во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За германскиот интернационалец силен интерес покажува Фенербахче, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Иако Боатенг има договор со Баерн до 2021 година фактот дека оваа сезона одигра само осум натпревари во Бундеслигата доволно говори дека клубот не смета на него и нема ништо против Боатенг да замине.