Дома Македонски спорт Мак ракомет Битолчани бесни на РФМ што Македонија повторно ќе игра во Скопје

Битолчани бесни на РФМ што Македонија повторно ќе игра во Скопје

Македонија на 12-ти мај на домашен терен во Скопје ќе го игра натпреварот против Фарски Острови кој ќе биде реванш од двомечот. Првиот натпревар го играме во Торшван на 8-ми мај.

Тоа што натпреварот од баражот ќе се игра во Скопје предизвика незадоволство помеѓу битолската публика, па така револтот го искажа една од најпознатите фан страни на „пелистерци“, „И моето дете ќе навива за Пелистер“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

„РФМ потврно го избра Скопје за домаќин за натпреварот против Фарски Острови, во кој Македонија ќе брка пласман за СП 2025 !

Повтроно РФМ одбра ТЕАТАР место вистински бараж натпревар, пред преполни трибини во Битола и атмосфера каква нема на друго место.

Го знае тоа цела Македонија, најдобро го почуствува Турција, а во таква атмосфера ретко кој поминал нешто подобро од Турција. Дали РФМ е при очи слепа и при уши глува? Господине Муакетов зарем повторно наместо поддршка, ракометарите треба да бидат како на театар? Зарем Битола не заслужува?

Ја знаете атмосферата во Битола и вие и селекторот, добро знаете каде тешко или невозможно е да се победи, а тоа е БИТОЛА !“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…