Дома Фудбал Англија Билиќ преживеа, но се’ уште е неизвесен: Управата го обелодени единствениот ултиматум!

Билиќ преживеа, но се’ уште е неизвесен: Управата го обелодени единствениот ултиматум!

Хрватскиот тренер, Славен Билиќ по којзнае кој пат го преживеа отказот и остана на клупата на Вест Хем.

Билиќ ниту оваа сезона не бележи добри резултати со Вест Хем, се наоша на 16. позиција на табелата во ПЛ, и е во близина на опасната зона за испаѓање, а многумина го прогласија за некогашен по поразот на домашен терен од Брајтон со 3:0.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Сепак, челниците на Вест Хем не му дадоа отказ, но затоа пак му поставија ултиматум.

Пред Вест Хем се два натпревари во краток временски простор на којшто челниците сакаат да видат дека клубот излегува од кризата. Вест Хем во среда гостува кај Тотенхем во рамки на Лига Купот, што не е ниту малку лесен натпревар, а потоа во сабота ќе се соочат со претпоследната екипа на табелата, Кристал Палас.

Тие два натпревари ќе бидат клучни за Славен Билиќ, кој во случај на неуспег сигурно ќе заработи отказ, кој му се смешка веќе неколку месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона го дочекува Билбао на Ноу Камп, капацитет 45.401 место

Барселона соопшти дека натпреварот од 13. коло на шпанската Ла Лига против Атлетик Билбао …