ПСЖ во четвток ќе игра пријателски натпревар против најдобрите играчи составени од Ал Наср на Роналдо и Ал Хилал.
Овој натпревар ќе биде нова, веројатно последна битка помеѓу Меси и Кристијано Роналдо. Токму затоа цените на билетите за овој натпревар се астрономски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Така најскапиот билет достигнал цена од 2.6 милиони долари и станува збор за специјална влезница со која сопственикот ќе има многу привилегии.
Тој билет е ставен на аукција која завршува денес, а понудата од 2.6 милиони долари е од бизнисменот Мушреф Ал Гамди, сопственик на менаџер на групција за недвижнини.
Со оваа влезница се добива можност да се биде долу на теренот на доделувањето признанија, но и лично да се запознае со Роналдо и Меси, но и многу други поволности.
За Меси и Роналдо ова ќе биде прва битка по дуелот во 2020 година кога Јувентус ја победи Барселона со 3:0.