Дома Топ вести „Билд“ тврди: Ѕвездата на Лајпциг се сели во Баерн Минхен

„Билд“ тврди: Ѕвездата на Лајпциг се сели во Баерн Минхен

Лајпциг игра фантастична сезона, но на лето веројатно ќе остане без неколку ѕвезди. Најсилен интерес европските гиганти покажуваат кон Дајот Упамекано и на лето се очекува голема борба за неговиот потпис.

Покрај Тимо Вернер, еден од најбараните фудбалер во Европа е секако Упамекано. Овој 21-годишен дефанзивец важи за еден од најперспективните во Европа и интересот за него е огромен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За неговиот потпис заинтересирани се многу европски гиганти, но ако му се верува на „Билд“ дефанзивецот ќе се пресели во Минхен.

Упамекано има договор со Лајпциг до јуни 2021 година, а Баерн не сакале да ја платат откупната клаузула од 60 милиони евра, бидејќи наредното лето можат да го добијат бесплатно.

Според „Билд“ Баерн се договориле со фудбалерот, им преостанува само да се договорат со Лајпциг, кој е спремен да прифати понуда од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…