Лајпциг игра фантастична сезона, но на лето веројатно ќе остане без неколку ѕвезди. Најсилен интерес европските гиганти покажуваат кон Дајот Упамекано и на лето се очекува голема борба за неговиот потпис.
Покрај Тимо Вернер, еден од најбараните фудбалер во Европа е секако Упамекано. Овој 21-годишен дефанзивец важи за еден од најперспективните во Европа и интересот за него е огромен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговиот потпис заинтересирани се многу европски гиганти, но ако му се верува на „Билд“ дефанзивецот ќе се пресели во Минхен.
Упамекано има договор со Лајпциг до јуни 2021 година, а Баерн не сакале да ја платат откупната клаузула од 60 милиони евра, бидејќи наредното лето можат да го добијат бесплатно.
Според „Билд“ Баерн се договориле со фудбалерот, им преостанува само да се договорат со Лајпциг, кој е спремен да прифати понуда од 40 милиони евра.