Долго време се најавува дека Алиоски ќе добие нов договор во Лидс, меѓутоа такво нешто се уште нема.
Поради таквата ситуација се појавија шпекулации дека Џани може да го напушти англискиот премиерлигаш. Пред неколку дена турските медиуми пишуваа за негови преговори за Галатасарај.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа ако ги собереме последните изјави на Алиоски и Биелса добиваме уште една најава дека договорот на македонскиот репрезентативец ќе биде продолжен. Вчера Џани изјави дека убаво му е во Лидс.
„Убаво ми е тука, стилот на игра кој го имаме мене ми се допаѓа. Секој ден учам по нешто ново и најдоброто од се е што во Премиер лигата играте против најдобрите играчи во Европа. Навистина е посебно да се надигрувате со нив и да им покажете колку знаете“, гласеше изјавата на Алиоски.
За потоа Биелса да се огласи дека Алиоски ќе одлучи дали ќе остане.
„Алиоски ќе одлучи дали треба да остане. Најважно е дали фудбалерот сака да остане, кога доаѓа до таква ситуација прво се прашува фудбалерот дали сака да продолжи да игра за клубот. Потоа клубот решава дали го сака и понатаму. Затоа јас мислам дека ако Алиоски го избере Лидс и Лидс ќе го избере Алиоски“, изјави Биелса.