Дома Топ вести Бејл се кае, сака да се врати во Реал Мадрид

Бејл се кае, сака да се врати во Реал Мадрид

Англиските медиуми пренесуваат дека Герет Бејл е незадоволен во Тотенхем и сака да се врати во Реал Мадрид.

Бејл е незадоволен од минутажата што ја добива од Жозе Мурињо и смета дека погрешил што ова лето се врати во Тотенхем.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Очигледно е дека тој не е во преден план кај Мурињо, а Бејл смета дека подобро би било да биде резерва во Реал Мадрид отколку во Тотенхем.

31-годишниот Велшанец во моментов има статус на позајмен фудбалер и не ја отфрла можноста да се врати во Реал Мадрид. Тој има договор до 2022 година со „кралевите“ и на лето сигурно ќе се врати во Мадрид.

Денес Тотенхем му гостува на Ливерпул, а се очекува Бејл повторно да биде на клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…