Дома Топ вести Бејл сега е проблем за Реал Мадрид

Бејл сега е проблем за Реал Мадрид

Шпанските медиуми пренесуваат дека Герет Бејл има сосема поинакви планови од оние на Реал Мадрид и би можел да го „блокира“ трансфер пазарот на лето.

Готово сигурно дека Реал сака да го продаде на лето, но Бејл ќе ја одбие секоја понуда која нема да ги задоволува неговите натпреварувачки, но и финансиски барања.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бејл не сака да биде испратен како „кусур“ за некој друг фудбалер и нема проблеми да остане во Мадрид, па дури и да седи на клупата.

Неговите односи со тренерот Зидан се проблематични, па Велшанецот во последно време почесто е на клупата откоклку на теренот.

Проблем за Реал е што цената на Бејл од ден на ден се повеќе паѓа, па тешко дека некој клуб е спремен да ги плати бараните 90 милиони евра.

Притоа, Бејл има договор „тежок“ 15 милиони евра по сезона, што повеќе го комплицира трансферот. Челзи и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за него, но не се спремни да му понудат толку висока плата.

Во секој случај, Герет Бејл ова лето ќе биде „жешка“ тема, како во Мадрид, така и на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ демантира дека преговара со Салах

Насер Ал Калифи, претседателот на Пари Сен Жермен, ги демантираше шпекулациите кои го повр…