Дома Фудбал Бејл сака да се врати, Реал стравува од такво сценарио

Бејл сака да се врати, Реал стравува од такво сценарио

Англиските медиуми пренесуваат дека Герет Бејл е незадоволен во Тотенхем и сака да се врати во Реал Мадрид.

Бејл е незадоволен од минутажата што ја добива од Жозе Мурињо и смета дека погрешил што ова лето се врати во Тотенхем.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Очигледно е дека тој не е во преден план кај Мурињо, а Бејл смета дека подобро би било да биде резерва во Реал Мадрид отколку во Тотенхем.

31-годишниот Велшанец во моментов има статус на позајмен фудбалер и не ја отфрла можноста да се врати во Реал Мадрид. Тој има договор до 2022 година со „кралевите“ и на лето голема е веројатноста да се врати во Мадрид.

Реал стравува од такво сценарио и е спремен да му понуди на Тотенхем уште една година позајмица или спогодбено раскинување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…