Дома Трансфер зона Бејл откри зошто не постапил како Нејмар

Бејл откри зошто не постапил како Нејмар

Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл откри дека ова лето воопшто не бил блиску да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ и да премине во Манчестер Јунајтед.

Според медиумите на Островот, Жозе Мурињо се обидел да го убеди Велшанецот да се пресели на „Олд Трафорд“ каде што ќе биде прва ѕвезда, бидејќи во Реал е во сенка на Кристиано Роналдо.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Слилни мотиви имаше Нејмар кој ова лето се пресели во Пари Сент Жермен, бидејќи во Барселона секогаш беше во сенка на Лео Меси.

„Да, тоа може да биде мотив за да се земе такво решение, но јас мислам дека главното нешто кога ќе ја погледнеш кариерата се освоените трофеи. Всушност, тоа е најважното нешто. Не мислам на тоа дали ќе имам статуа на најголема ѕвезда, мене тоа не ме интересира. Јас едноставно сакам да излезам на терен и да уживам во фудбалот. Сакам да се претставам добро, но сакам и да му помогнам на тимот да освојува трофеи“, истакна Бејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…