Дома Фудбал Бејл од првата минута, ниту едно звучно засилување на Реал не е во првите 11

Бејл од првата минута, ниту едно звучно засилување на Реал не е во првите 11

Реал Мадрид игра во гости против Селта Виго од 17 часот во натпревар од првото коло во шпанската Ла Лига.

Екипата на Реал сака со победа да ја отвори новата сезона во Шпанија и има прилика после 27 месеци да биде пред лутиот ривал Барселона, која синоќа беше поразена со 1:0 од Атлетик Билбао на Сан Мемес.

Еден Азар нема да настапи поради повреда, Лука Јовиќ остана на клупата, а го нема ниту Менди кој дојде ова лето. Исто така, повреден е и Марко Асенсио.

Зидан се одлучи за следните 11:

Куртоа, Марсело, Рамос, Варан, Одриозола, Крос, Касемиро, Модриќ, Винисиус, Бензема, Бејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гранит Џака во нов скандал: Вербален судир во трговски центар

Гранит Џака, капитенот на Сандерленд и швајцарската репрезентација, се најде во центарот н…