Дома Фудбал Бејл: Не разбирам зошто фановите ме исвиркуваат

Бејл: Не разбирам зошто фановите ме исвиркуваат

Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл даде свое мислење за фановите на својот клуб кои често го исвиркуваат.

„На секој натпревар сме под огромен притисок. Ако играте лошо, вие сте во центарот на вниманието. Кога играв лошо, целиот стадион, 80.000 ме исвирка. Непријатно е. Наидов на ова неколку пати. Кога се случи ова за прв пат, помислив: „Што се случува ?! Тоа ја уништува вашата доверба. Јас не разбирам. Затоа што ако не успеете на теренот, навивачите треба да ве поддржат за да се издигнете и да им дадете радост. Тие го прават спротивното. Почнуваат да свиркаат, се чувствувате уште полошо и ја губите довербата. Почнувате да играте уште полошо и ова ги вознемирува уште повеќе“, ја отвори душата Бејл.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Ова е одлика на Реал Мадрид и во другите клубови се случува истото, но Реал е најпознат по ваквите нешта. Се случува да не реализирам добра шанса. Тие почнуваат да свиркаат, а вие си мислите: Довербата опадна по нереализираната шанса и сега ќе падне уште пониско. И во следниот момент, противничкиот гол ви изгледа минијатурен, како да е дупка за голф“, додаде велшкиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Виктор Осимен со изборот на новиот клуб ќе го “замрзне” Неапол

Виктор Осимен е во сензационална форма за Галатасарај оваа сезона за време на неговото отс…