Поранешниот аргентински репрезентативец, Езекиел Лавеци (38) ги поминува веројатно најтешките моменти од неговиот живот.
За состојбата на Лавеци објави еден од најпознатите новинари во светот, Фабрицио Романо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Поминува низ тежок период и примен е на психијатрија во установа за ментално здравје, вторпат во три недели“, пишува Романо.
Лошата ситуација во која се наоѓа ја потврди и самиот Лавеци во изјава за „Л’Eкип“.
„Тешко е, но морам тоа да го направам, морам да го средам својот живот и навиките. Едноставно морам поради мојот син“, изјави Лавеци.
Во последниот месец Лавеци помина низ турбулентен период, а кон средината на декември заврши и во болница поради убодна рана. Уругувајските медиуми пренесуваа дека Лавеци бил избоден од неговиот брат. Три недели потоа тој се предозира и заврши на интезивна нега, сега е на психијатрија.
Лавеци своевремено беше еден од најплатените фудбалери во светот. Во кинескиот Хебеи заработуваше над 20 милиони евра годишно. Низ кариерата играше уште за Естудијантес, Сан Лоренцо, Наполи и Пари Сен Жермен. Во дресот на аргентинската репрезентација собра 51 настап.
Беше дел Лавеци и од репрезентацијата на Аргентина која на Мундијалот во 2014 година освои сребрен медал.