Дома Фудбал Останато Беше голема надеж на Реал, но пропадна: Да не се повредев ќе ја освоев „Златната топка“

Беше голема надеж на Реал, но пропадна: Да не се повредев ќе ја освоев „Златната топка“

Хесе Родригез беше еден од фудбалерите кои се појавија од младинската школа на Реал Мадрид и често добиваше шанса во првиот тим, а на моменти имаше и солидни изданија.

Пред десетина години важеше за еден од најголемите таленти и го привлече вниманието на јавноста, меѓутоа токму во моментите кога го играше најдобриот фудбал се здоби со тешка повреда на коленото.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од тој момент неговата кариера тргна во надолна линија, па денес се најде во ситуација во која тренира индивидуално и чека клуб кој ќе му даде нова шанса на 30 години.

Сега незамисливо далеку изгледаат деновите кога беше во најдобра форма и кога полн со самодоверба влезе во првиот тим, тогаш се најавуваше дека може да ја прекине и доминацијата на Меси и Роналдо во изборот за „Златната топка“.

Иако не успеа во тоа, тој се уште е убеден дека имал потенцијал, меѓутоа ја обвинува тешката повреда.

„Се сеќавам кога најавив такво нешто. Постигнував голови за Реал, играв со неверојатни фудбалери во првиот тим во најголемиот клуб во светот. Таа изјава ја дадов бидејќи верував во себе, секогаш сум верувал. Тешко е денес да се каже дали ќе ја освоев „Златната топка“, но навистина мислам дека тоа ќе се случеше ако не се повредев. Такво е моето мислење, можеби другите мислат поинаку и го почитуѕвам тоа“, изјави Хесе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…