Жозе Мурињо беше многу разочаран после натпреварот во Европа лигата со Антверпен, откако неговиот Тотенхем загуби со 1-0.
Португалецот после натпреварот изјави дека доколку би имал можност на полувремето ќе го заменел цел тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ќе ги сменев сите 11 играчи да имав таква можност, направив само четири, една измена остана за секој случај до крајот. Ја прифаќам одговорноста за тактиката и изборот на играчи, , но екипата не играше добро, кога не играте добро, нема ни добар резултат“, изјави Мурињо.
После мечот Мурињо објави фотографија на Инстаграм како седи во клупскиот автобус и порача.
„Лоша игра и заслужен лош резултат. Се надевам дека сите во автобусот се вознемирени како што сум јас. Утре тренинг во 11 часот“.