Дома Трансфер зона Бернардо Силва не е на продажба, Сити ќе ги одбие сите понуди

Бернардо Силва не е на продажба, Сити ќе ги одбие сите понуди

Манчестер Сити нема намера да го продаде Бернардо Силва на Барселона, иако Каталонците имаат многу сериозен интерес за играчот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонскиот гигант силно го посакува Португалецот, дури и стапи во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш, а и самиот Бернардо Силва покажа желба за преселба на „Камп Ноу“.

Сепак, „граѓаните“ се категорични дека ќе ги одбијат понудите кои ќе пристигнат бидејќи играчот не е на продажба.

На почетокот на овој месец, каталонски „Спорт“ објави дека Барселона е подготвена да испрати понуда вредна 70 милиони фунти и се надеваат дека таа ќе биде прифатена. Фудбалерот и минатото лето беше блиску до трансфер во Барселона, но тогаш беше убеден од Гвардиола да остане на „Етихад“.

Сити веќе ги доведе Ерлинг Халанд и Калвин Филипс за околу 100 милиони фунти, го продаде Стерлинг и Гвардиола смета дека трансфер пазарот за неговиот клуб е завршен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…